За Нас
Приказната за „Касвер Ц арт шоп“ започна во 1984 година, како мала стакларско-занаетчиска работилница. Низ текот на годините прераснавме во водечка компанија на македонскиот пазар, која на потрошувачите им нуди производи од високореномирани, европски производители и брендови на лајсни за врамување на слики и изработка на огледала, сликарски материјали и материјали за конзервација и реставрација.
Со широкиот спектар на производи се трудиме што е можно повеќе да се доближиме до нашите потрошувачи и да ги задоволиме нивните креативни потреби. За таа цел, нашето внимание постојано е свртено кон новите светски трендови и будно го следиме секој напредок на технологијата.